Дефинирана цената на Канте

118

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Челзи откри дека раководните лица ја разгледуваат и опцијата за продажба на францускиот интернационалец Н’Голо Канте.

Нивната анализа покажала дека дефанзивниот играч за врска го има постигнато максикумот и дека неговата форма ќе се движи само во надолна линија. Поради таквата ситуација челниците се подготвени да стават крај на соработката, но официјалната понуда за неговите услуги не смее да биде помала од 80 мил. евра. Таква понуда може да се очекува од ПСЖ и Реал (М).