Дефинирана цената на Жиру

87

Лондонскиот премиерлигаш Челзи планира за време на зимскиот преоден рок да стави крај на соработката со францускиот интернационалец Оливие Жиру.

Искусниот напаѓач не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона, а и менаџерот на „сините“, Франк Лампард не крие дека повеќе нема потреба од неговите услуги.

Репрезентативецот на Франција важи за голема желба на италијанскиот калчо гигант Интер кој ќе треба да одвои само 5 мил. евра за неговото обесштетување.