Поголемиот дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека во следните неколку недели, раководните лица на Реал (М) и Милан ќе седнат на преговарачката маса, а тема на дискусија ќе биде можниот трансфер на младиот играч за врска, Брахим Дијаз. Шпанецот актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на Милан, а неговиот престој на „Сан Сиро“ ќе биде продолжен само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 25 мил. евра.