Кошаркарите на Црвена звезда имале несекојдневна случка за време на летот кон Милано, каде вечерва ќе го одиграат натпреварот против екипата на Армани во рамки на Евролигата.

За време на летот од Белград, бил воспоставен дефект на авионот, па морале веднаш да слетаат по полетувањето.

Авионот, кој требал да замине во 18:15 часот, доцнел 15 минути, но над Бања Лука бил утврден дефект, па авионот морал да се врати назад. Поради тоа, морале да почекаат до 20:20 часот кога воедно и заминале.