Дефанзивците на Јунајтед сами се фалат

29

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф изјави дека е многу задоволен од своето партнерство со Хари Мегваер. Менаџерот Оле Гунар Солскјер се потпира на обајцата како прв избор за централната дефанзивна позиција, и се чини дека тие играат се подобро и подобро.

  • Одлично е да се игра рамо до рамо со Хари. Тој е фантастичен фудбалер и двајцата добро соработуваме. Ние сакаме да победуваме на повеќе натпревари, но мислам дека со секоја изминат меч, што го играме заедно, ќе се подобруваме. Може да продолжиме да ги подобруваме нашите перформанси и да му помогнеме на тимот со повеќе „празни“ мрежи, рече Линделоф.