Детски „Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини

110

На пролет, Зоолошка градина Скопје ќе биде збогатена со уште една содржина која ќе ги анимира најмладите посетители. За првпат кај нас ќе се изгради детски „Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини за деца.

– Сакаме Скопје да го има овој парк. Многу европски и светски метрополи имаат авантуристички паркови во природа. Тоа е парк кој служи истовремено за забава и физичка активност за деца над петгодишна возраст. Ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизивик: лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини со загарантирана безбедност. Со децата ќе работат луѓе кои се обучени за тоа – изјави директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски.

„Авантура парк“ ќе биде донација од Агенцијата за млади и спорт, а со директорот Дарко Каевски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов одлучено е бесплатно да се отстапи на сите основни училишта во делот на физичкото воспитување за деца од 6 до 15 години.

– Проектот е во изработка и се надеваме дека на пролет, Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот – изјави Галетановски.