Детска литература: Промоција на „24 часа во Еднорозија“

180

„24 часа во Еднорозија“ од Јасмина Кантарџиева-Димков е книгата која ќе се промовира утре (19 јуни) со почеток од 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“. Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“.

„Во книгата, малата извидничка Дева е изгубена во густата шума на планината Би. Во потрага по неа тргнуваат нејзината сестра-близначка Дина, момченцето Јан и кученцето Путерче. Случајно ја откриваат чудесната, таинствена земја Еднорозија во која живеат еднорози, самовили и волшебникот Моли. Многу одамна, злобниот принц Нолад фрлил страшна магија врз оваа прекрасна земја и оттогаш нејзините жители се заробени во неа…“, стои во најавата за книгата што ќе ја промовира Бисера Бендевска.