Сигурно сте слушнале дека пиењето топла вода наутро, на празен желудник, може да помогне во намалувањето на тежината. Што доколку додадете уште некои здрави хранливи материи во водата, кои ќе го поттикнат процесот на слабеење и ќе го подобрат метаболизмот? Затоа ќе ви препорачам некои пијалаци што може да се пијат во лето и што помагаат за слабеење, но и за детоксикација на телото

Марија Соколоска

Да слабеете во лето е голем предизвик, бидејќи не сакате да вежбате на оваа топлина. Се чувствувате уморно и исцрпено од топлината и верувам дека нема да ви се случи наскоро да одвоите време или да вложите напор за вежбање. Но, сигурно сте слушнале дека пиењето топла вода наутро, на празен желудник, може да помогне во намалувањето на тежината. Што доколку додадете уште некои здрави хранливи материи во водата, кои ќе го поттикнат процесот за слабеење и ќе ви го подобрат метаболизмот? Затоа ќе ви препорачам некои пијалаци што може да се пијат во лето и што помагаат за слабеење, но и за детоксикација на телото. Можеби, не се многу популарни, но нивните состојки сигурно се.

До намалување на тежината може да дојде само кога имате правилна исхрана. Не постои само детокс-вода или каков било пијалак што ќе ве доведе до посакуваната цел. Но, секако, тие се катализатори и воедно помагаат во целиот процес.

Постојат неколку пијалаци за детоксикација што би можеле да ви помогнат брзо да ја намалите тежината во лето. Добриот метаболизам и силниот дигестивен систем може да предизвикаат голема болка, особено кога се обидувате да ослабите. Но, некои промени во исхраната би можеле да бидат многу корисни при слабеењето и затоа може да ги пробате следниве пијалаци за детоксикација, и тоа наутро, на празен стомак, за да ви се подобри здравјето.

Вода од коријандер

Водата од коријандер често се користи за олеснување на дигестивниот систем и проблемите поврзани со него. Обезбедува и добар извор на влакна. Овој пијалак е полн со минерали, витамини, калиум, железо, магнезиум, калциум, фолна киселина. Зовриената вода може да помогне во слабеењето, а ако ја пиете рано наутро, на празен желудник, може да согорите повеќе калории од кога било. Нека зоврие водата, но оставете ја да се излади прекуноќ. Пијте ја наутро како прв пијалак, ќе ви помогне да направите  детоксикација од нездравите штетни состојки во вашето тело.

Вода од ким и лимон

Водата со лимон, како што знаеме сите, е корисна при слабеењето и се консумира на големо. Пиењето на овој пијалак наутро, на празен стомак, може да помогне во брзото согорување калории и да го подобри метаболизмот. Кимот помага да се подобри варењето на храната, па додавањето во пијалакот може да биде исклучително здраво. Процедете ги семките и сипете млака вода со лимета во неа, па испијте ја наутро.

Вода со цимет и со мед

Медот и циметот создаваат одлична врска. Двете состојки се познати по тоа што помагаат во намалувањето на тежината кај луѓето. Водата со цимет и со малку мед може да го збогати вашето варење и да ви обезбеди есенцијални минерали и витамини, кои помагаат да согорите повеќе калории. Ова е еден пијалак за детоксикација што, всушност, може да го пиете доцна навечер, но, сепак, на празен стомак. Водата со цимет и со мед има бројни својства, како што се антимикробни и антипаразитски, но и има висцерални масти и го намалува апетитот.

Вода од тилчец (пискавица)

Тилчецот има голем број хранливи материи што може да бидат корисни за слабеење. Во него можете да додадете топла или зовриена вода. Овој пијалак за детоксикација е богат со повеќе различни состојки: витамин Б6, протеини, диетални влакна, железо, магнезиум, манган, бакар, антиоксиданси, а има и антивоспалителни својства.

Водата од тилчец има голем број придобивки за вашето здравје, освен намалување на тежината. Има голема содржина влакна, кои би можеле да спречат запек и дигестивни нарушувања. Само треба да натопите малку семки од тилчец прекуноќ и да ја испиете водата рано наутро, на празен стомак. Само процедете ги семките и може да го испиете вашиот детоксикациски пијалак.

Летово разладувајте се и слабејте со овие убави и хранливи детокс-води.