Дете е тешко повредено во пукање во училиште во Мемфис

157

Едно дете е рането и се наоѓа во критична состојба, откако беше застрелано од друго момче во основно училиште во Мемфис, Тенеси, соопшти денеска локалната полиција.

Пукањето во основното училиште Камингс се случило околу 09:15 часот по локално време, а по „осомничениот малолетник“ сè уште се трага, се вели во соопштението на полицијата.

Повреденото момче е во болница и локалните власти ги известиле родителите.