Деспотовски најави нова инвестиција во март и зголемување на извозот од 100 милиони евра годишно

41

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски изјави дека во последните 45 дена имаме два нови договори, кои што се потпишани на околу 15-16 милиони евра, дефинирани како инвестиции кои веќе се работат.

„Екслузивно за вас, да откријам веќе во првата половина од март, носиме голем проект, американска инвестиција од Питсбург која ќе вреди 15 милиони долари, кои што треба да донесат зголемување на извозот од 100 милиони евра на годишно ниво“, потенцира Деспотовски, додавајќи дека се фокусираат на квалитетни инвестиции.

„Не трчаме за камери и сликање, не е важно само да се отвори и да се каже бројка“, вели директорот на ТИРЗ.