Десковска: Уставниот суд мора да го штити Уставот, а не да предизвикува уставни земјотреси

50

Во системот на заштита на човековите права и генерално грижата за уставноста и законитоста Уставниот суд несомнено има една од најзначајните улоги и мора да си ја преземе улогата на заштитник на Уставот и на уставноста, а не да биде фактор што ќе предизвикува уставни земјотреси, вели министерката за правда Рената Дескоска

– За жал, во Република Македонија дел од проблемите произлегуваат од недостатоците во уставната рамка за работењето на Уставниот суд, но мислам дека тоа не е клучниот недостаток. Исто така, особено значајно е покажувањето на личен интегритет од страна на оние кои седат во Уставниот суд, изјави Десковска.

Изрази очекување дека во процесот на реформи и желбата за воспоставување на систем на владеење на правото Уставниот суд ќе се однесува согласно стратешката определба на Република Македонија.