Десет клуба од Англија ќе банкротираат

58

Десет клуба во англиската Лига 1 и Лига 2 имаат потреба од итна и значителна државна помош, во спротивно ќе банкротираат за неколку недели. За ова предупредија пратеникот Демиен Колинс и ко-сопственикот на Сандерленд, Чарли Метвен.

Колинс за „Скај Спортс“ изјави дека финансиската состојба на многу клубови во англиската фудбалска лига е загрижувачка уште пред кризата со КОВИД-19, а пандемијата само ја продлабочила кризата. Тој ја повика британската влада да обезбеди финансиски пакети на клубовите, бидејќи некои од нив би можеле да банкротираат во јуни и да исчезнат од фудбалската мапа.

  • Во наредните недели, 5 до 10 екипи ќе банкротираат. Видовме што се случи со Бури и Болтон пред една година. Ако историјата се повтори, ќе има голем притисок од општеството да се направи нешто. Без интервенција на владата, овие клубови се турнати до ѕидот и можно е и други да ја следат нивната судбина. Би било супер ако фудбалот би можел да си помогне сам, но во сегашната ситуација тоа е невозможно и единствен спас е во државата, додаде Колинс.