Во десет држави од светот повеќе од 50 проценти од вкупното население е вакцинирано со најмалку една доза од вакцината против коронавирусот SARS-CoV-2 и поради тоа се блиску до колективен имунитет.

Станува збор за следните земји:

1. Бутан – од 763.000 жители, вакцинирани се 63%

2. Малта – од половина милион жители вакцинирани се 62%. Поради тоа власта прогласи дека во оваа земја е успешно развиен колективен имунитет.

3. Израел – од 9 милиони жители вакцинирани се 60%

4. Малдиви – од 530.000 жители вакцинирани се 58 %

5. Велика Британија – од 66,6 милиони жители вакцинирани се 58%

6. Монголија – од 3,2 милиони жители вакцинирани се 57%

7. Бахрејн – од 1,6 милиони жители вакцинирани се 55%

8. Канада – од 37,6 милиони вакцинирани се 55%

9. Чиле – од 18,9 милиони вакцинирани се 54%

10. Унгарија – од 9,7 милиони луѓе вакцинирани се 52 проценти.

Сè поблиску до имунитет се и САД со имунизација од 50,3%.

Според пишувањето на Forbes, тоа е многу повеќе во однос на другите развиени држави меѓу кои се и Германија каде се вакцинирани 43%, Франција каде се вакцинирани 36%, Австралија каде се вакцинирани 14%, Јужна Кореја каде се вакцинирани 9,1% од жителите, како и Јапонија каде се вакцинирани само 6,4 отсто од населението.

Се претпоставува дека колективен имунитет на коронавирусот ќе постои тогаш кога ќе ќе се постигне имунизација од минимум 60 отсто од жителите на една земја, додека некои научници сметаат дека за тоа треба имунизација од 90 проценти од населението.