Десет зборови кои не можат да се преведат на ниту еден јазик

244

Во светот постојат околу 7.000 јазици. Но, и покрај тоа, покрај толку јазици, постојат зборови кои не можат да се преведат.

Во книгата „Повеќе од зборови – љубовни зборови од целиот свет, кои не можат да се преведат (More Than Just A Word – Untranslatable Words Of Love From Around The World) авторката Ема Блок истражува некои од овие зборови, а повеќето од нив се поврзани со љубовта. Секако постојат уште десетици други зборови кои не можат да се преведат, но ова се десетина најинтересните од нив…

Cafuné (португалски) – Поминување со прстите низ косата на саканата личност.

Litost (чешки) – Познатиот чешки писател Милан Кундера овој збор го дефинира како „очај кој се јавува кога човек наеднаш сфати колку е во ужасна состојба“.

Schnapsidee (германски) – Планот кој настанал во пијана состојба или е толку смешен што сигурно сте биле пијани додека сте го смислувале.

Viraha (хинду) – Кога ќе сфатите колку сакате некој откако ќе се разделите.

Jayus (индонезиски) – Толку недуховита шала што не можете а да не се насмеете.

Tsundoku (јапонски) – Кога ќе купите книга која никогаш нема да ја отворите.

Oodal (тамилски)
 – Глумење дека сте лути пред партнерот после расправија.

Toska (руски) 
– Владимир Набоков го опишал овој збор како „чувство на голема духовна тежина, која често доаѓа без посебна причина“.

Abbiocco (италијански) – Поспаноста што ја чувствувате откако убаво ќе се најадете.

Оdnoliub (руски) – Личноста која цел живот имала само една љубов.