Десет дена имав кошмари по поразот од Ѓоковиќ на Вимблдон

176
Switzerland's Roger Federer hits a return during a practice session for the Miami Open at Crandon Park Tennis Center in Key Biscayne, Fla., on Tuesday, March 21, 2017. (Pedro Portal/El Nuevo Herald/TNS via Getty Images)

Поранешниот светски тениски рекет број еден Швајцарецот Роже Федерер е подготвен за камбек на терените на Мастерс турнир во Синсинати, откако реши да си земе подолг одмор по драматичното финале со Новак Ѓоковиќ на Вимблдон. Најтрофејниот тенисер во светот остана без пехарот иако имаше две меч-топки на сопствен сервис, губејќи го финалето во тајбрејк со 12:13, пораз што дефинитивно е еден од најболните во кариерата на Швајцарецот.

-Не ми беше лесно, во првите неколку дена треба да ви стане јасно што се случи, бидејќи победата беше толку блиску. Имав кошмари, ми се појавуваа „флешбекови“ од финалето, што требаше да се направи подобро… А тогаш ќе почнете со тренинзи, ќе работите напорно и ќе заборавите. Тоа е единствениот начин тие сцени да престанат да ве следат во мислите. Тоа е реалноста, победите не ги паметите толку „живописно“ колку поразите, но јас едвај чекам пак да играм против Новак. Максимално сум подготвен за мојот камбек на терените, да покажам што и колку можам – истакна Федерер.

Федерер и Ѓоковиќ неделава настапуваат на мастерс турнирот ов Синсинати. Србинот веќе го одигра совјот прв натпревар и се пласира во третото коло, откако со 7:5, 6:1 го совлада Американецот Сем Квери.

-Направи три дупли грешки на сервис во првиот гем, бев многу нервозен. Среќен сум што успеав да поминам понатаму. Не се работи за тоа што сум бранител на титулата, мислам дека тоа немаше многу влијание на мене во позитивна и негативна смисла. Едноставно, бев возбуден заради враќањето на теренот, бидејќи помина многу време откако триумфирав на Вимблдон, изјави Србинот.