Десетто место за Стефановски, виновник е Џакон! (ВИДЕО)

185

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, освои само пет бода (10. место) на последната трка од првенството на Италија во ТЦР.

Сепак, Иџе покажа карактер бидејќи иако во моментите кога беше второпласиран беше истуркан од патеката, по што мораше да влезе во боксот, а покрај тоа, на крајот ја заврши трката на 10 место.

Стефановски трката ја почна од второто место, веќе на стартот го престигна и лидерот Аскона, иако после неколку свиоци Шпанецот повторно беше првопласиран. Потоа тројката Аксона – Стефановски – Џелмини возеа еден зад друг. Џелмини беше првиот што мораше да се откаже бидејќи во еден свиок предоцна почна со сопирање па излета во песокот.

Тоа му овозможи на Џонатан Џакон да биде третопласиран и да влезе во борба со Стефановски и Аскона. Италијанскиот возач чекаше неколку круга и потоа во еден свиок му влезе на Стефановски во траекторијата на двиижење и го удру во страничниот дел, па нашиот возач се изврте и излета од патеката.