Десетте тони хемикалии од ОХИС безбедно пристигнаа во Лион

80

Десетте тони отпадни хемикалии од поранешната фабрика ОХИС денеска безбедно пристигнале во Франција и ќе бидат уништени во инселератор близу Лион, соопштија од фирмата „Екоцентар 97“ од Скопје која беше ангажирана за отстранување на историскиот опасен отпад кој остана по затворањето на поранешниот хемиски гигант.

Отпадните хемикалии на 9 февруари 2021 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, безбедно се утовари нето количина од 4,2 тони иницијатори и 5,3 тони отпадни хемикалии со поминат, односно отпадни киселини, алкохоли и растворувачи.

Бурињата биле транспортирани со специјално АДР возило и за време на транспортот се вршел континуиран мониторинг на температурата во возилото.

– Транспортот се одвиваше без никакви проблеми низ Србија, Унгарија, Австрија, Грманија и на ден 24.02.2021 година пристигна во инсенераторот во близина на Лион, Франција. По уредно завршената царинска постапка, се изврши прием на отпадните опасни хемикалии и нивен истовар. Согласно распоредот на согорувачот во идниот период очекуваме потврда за уништување на отпадните иницијатори и останатите отпадни хемикалии – додаваат од „Екоцентар 97“.

Со реализацијата на последниот извоз „Екоцентар 97“ во целост ги исполни обврските дефинирани во договорот за „Проект за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС” Скопје” и успешно го заврши проектот кој беше прв од ваков тип на територијата на РС Македонија.

– Со упорноста, истрајноста и знаењето „Екоцентар 97“ ДООЕЛ Скопје ја потврди својата мисија дека е компанија која што активно учествува во заштитата на животната средина ги следи светските трендови, воведува континуирана обука и надградување на знаењето на вработените и имплементирање на нови, иновативни практики – истакнаа од Екоцентар 97.