Десетте најбогати луѓе во светот се побогати од 85 најсиромашни држави заедно

62

Ново истражување на компанијата Learnbonds ќе фрли нова светлина на јазот меѓу богатите и сиромашните во светот. Имено, истражувањето покажа дека десетте најбогати луѓе во светот имаат имот повреден од економијата на 85 сиромашни држави во светот.

На листата доминираат американски милијардери, а вредноста на нивниот имот достигна 858,1 милијарди долари. Од друга страна, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, вкупниот БДП на 85 најсиромашни држави во светот е 813,5 милијарди долари.

Интересно е тоа дека имотот на овие најбогати луѓе е поголем и од БДП на некои држави кои се сметаат за економски моќни. Така, БДП на Саудиска Арабија, која е водечки производител на нафта во светот, изнесува 779,3 милијарди долари, БДП на Белгија е 517,6 милијарди долари, додека на Иран е 458,5 милијарди долари.

Според најновите податоци од почетокот на февруари, најбогат човек на светот повторно е Џеф Безос, со богатство од 123,5 милијарди долари. Тоа е за 5 милијарди повеќе отколку што поседува Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт. На трето место е Французинот Бернар Арно со 108 милијарди долари.