Нема лошо време за чоколада. Чоколада се јаде во секое време, а на многумина поради тоа чоколадната торта им е омилена слатка. Затоа ви нудиме едноставен рецепт за чоколадна торта која се подготвува многу брзо и лесно.

Потребно е: 

(за тесто) 

  • 4 јајца
  • 4 лажици меко брашно
  • половина прашок за пециво
  • 100 грама чоколадо за готвење
  • 100 грама шеќер
  • 200 грама путер

(за фил)

  • 500 мл слатка павлака
  • 250 грама чоколадо за готвење

Подготовка:

Во длабок ставете го просеаното брашно со прашокот за пециво. На пареа стопете го путерот и чоколадата, а потоа одделете ги белките и жолчките. Во подлабок сад измешајте ги жолчките со шеќерот, додадете го стопениот путер и чоколадото, промешајте, а потоа додајте го брашното со прашок за пециво. Во другиот сад изматете ги белките од јајцата, и внимателно со шпатула измешајте ги белките со смесата од желчките со чоколада и брашно.

Смесата сипете ја во калап од 23-24 см, обложена со хартија за печење, а може и во правоаголна тава од 35х24 см. Печете околу 20 минути на 180 степени.

Направете го филот со тоа што ќе ја насецкате чоколадата на ситни парчиња, а слатката павлака ќе ја загреете до точка на вриење. Измешајте ги двете состојки и печената торта прелијте ја со смесата од филот. Оставете го колачот да се олади, а потоа тргнете го обрачот ако сте ја печеле во кружен калап.