Дермеџиев: Во понеделник ќе им подариме два генератори на граничните власти

41

Бугарската делегација предводена од министерот за внатрешни работи Иван Демирџиев заедно со бугарскиот министер за здравство и бугарскиот амбасадор во Македонија Ангел Ангелов како и со бугарски граѓани оддадоа почит на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.

Бугарските државјани кои ги придружуваа, беа пуштени на Деве Баир по 13 часот, откако се поправи дефектот во компјутерскиот систем. Ова го прокоментира Демирџиев изјавувајќи дека во понеделник на македонските погранични власти ќе им подари два генератори за струја за да се надминат таквите застои.

„Задоволен сум од организацијата на настанот и чест ми е што сум тука со бугарската делегација за да му оддадам почит на великанот Гоце Делчев. Двете земји треба да се насочат кон решавање на други проблеми, а не на настан од ваков формат. Се надевам дека на сите бугарски државјани кои тргнааа кон Скопје ќе им биде овозможено да дојдат во црквата Свети Спас. Има извештаи дека некои бугарски државјани се спречени да влезат на територијата на Северна Македонија. Немам точни информации колку Бугари се спречени. Добив информација дека снемало струја. За да нема слични проблеми во иднина, во понеделник ќе донираме генератори на трите пункта на ПКМ“, изјави Демирџиев .

Тој изјави дека лично го замолил Џамбаски да не доаѓа во Скопје но смета дека волку засилени полициски мерки како денеска не се потребни.