Дерматолозите алармираат за нови симптоми на кожата од Ковид-19

317

По респираторните симптоми, по губење на вкусот и мирисот, сега се појавуваат и кожните манифестации на Ковид-19. Во соопштението за печатот, Националниот синдикат на дерматолози-венеролози на Франција, предупредува за симптомите кои можат потенцијално да се појават на кожата во случај на заболување како резултат на коронавирусот. Односно, ненадеен почеток на понекогаш болно црвенило и привремени лезии на копривњача, јави дописникот на МИА.

„Група ВатСап со повеќе од 400 дерматолози (независни и болнички), организирани во нивниот синдикат, јавуваат за лезии на кожата, поврзани со знаци на Ковид-19 “,се наведува во нивното соопштението.

Синдикатот притоа ги наведува симптомите за кои станува збор.

-Станува збор за акросиндроми (појава на псевдо-смрзнатини на екстремитетите), ненадејно појавување на понекогаш болно црвенило и повремени лезии на копривњача”.

Синдикатот на дерматолози притоа предлага доколку се појават овие симптоми на кожата, веднаш да се консултираат со лекар.

„Анализите на многу случаи пријавени во синдикатот покажуваат дека овие манифестации можат  да бидат поврзани со Ковид-19, се наведува во соопштението.

-Ние ја предупредуваме јавноста и медицинската професија со цел што побрзо да ги откриеме овие потенцијално заразни пациенти (без нужно да покажат знаци на потешкотии во дишењето)”, се додава во соопштението на синдикатот на дерматолозите.