Дербито за Шкендија, но Вардар сериозно оштетен

56

За жал, стартот на пролетниот дел од актуелната сезона во македонската Прва фудбалска лига најмногу ќе биде запаметен по скандалозното судење на дерби натпреварот помеѓу екипите на Шкендија и Вардар.

Дуелот во Тетово заврши со минимален триумф на домашниот, но во 38 минута после еден силен удар на Најдовски, топката од пречката заврши зад гол-линијата, и се одби во поле. Иако стануваше збор за чист погодок, главниот арбитар не покажа на центарот од игралиштето.

  • Повторно сме оштетени. И на двата натпревари со Шкендија судиите со одлуки контра нас. Очигледно се нема ист аршин во судењето. Играчите се нервозни, незадоволни, но нема враќање назад. ФФМ треба да се запрашаат малку околу начинот на делегирање на судии. Што се однесува до натпреварот мора да признаеме дека немаше некоја голема убавина. Единствено во првите 30 минути Шкендија беше подобра, а потоа воспоставивме контрола и не заслуживме пораз, изјави за макфудбал.мк, шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски.

ФОТО: ФК ВАРДАР