„Депеш мод“ се огласи со последна вест за својот основач до фановите: Позната причината за ненадејната смрт на Енди Флечер

191

Клавијатуристот и основач на бендот „Депеш мод“, Енди Флечер, ненадејно почина минатиот месец, а досега немаше официјални информации за причината за смртта.

Сепак, двајцата преостанати членови на бендот, Дејвид Ган и Мартин Гор, им се обратија на обожавателите на социјалните мрежи и објавија дека причина за смртта на Енди е аортна дисекција, состојба во која внатрешната обвивка на ѕидот на аортата пука.

View this post on Instagram

 

A post shared by Depeche Mode (@depechemode)

 

„Пред неколку недели ги добивме наодите на патологот и семејството на Енди не замоли да ги споделиме со вас. Енди доби аортна дисекција додека беше во својот дом на 26 мај. Иако замина прерано, мирно помина и не страдаше многу“, објаснуваат тие.

„Минатата недела го прославивме животот на Енди во Лондон. Тоа беше прекрасна церемонија со неколку солзи, но исполнета со прекрасни спомени за тоа кој е Енди и нашите заеднички приказни“, напишаа Ган и Гор, заблагодарувајќи им се на фановите за нивната упорна поддршка.

Исто така, на почетокот на објавата, останатите членови на бендот се заблагодарија „за искажаната љубов кон Енди во изминатите неколку недели“.

„Беше неверојатно да се погледнат сите ваши фотографии, да се прочитаат вашите пораки, да се види колку Енди значеше за сите вас. Како што можете да замислите, ова беа неколку чудни, тажни и збунувачки недели зад нас, во најмала рака. Но, ја почувствувавме вашата љубов и поддршка и знаеме дека и семејството на Енди го чувствуваше истото“, им порачаа на фановите.