Депај на чекор од „Ноу Камп“

37

Холандските медиуми немаат никаква дилема дека најдобриот фудбалер во дресот на францускиот прволигаш Олимпик од Лион, Мемфис Депај, ќе биде следната милионска аквизиција на каталонскиот гигант Барселона. Офанзивниот играч за врска веќе изјави дека сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок затоа што сака да игра и во Лигата на шампиони. Вицешампионот на Шпанија треба да одвои околу 25 мил. евра за обештетувањето на холандскиот интернационалец.