Денови на македонска култура: „Партија реми“ на Драмски во Торонто

208

Драмски театар – Скопје, утревечер, 4 октомври со претставата „Партија реми“ ќе учествува на Деновите на македонската култура во Торонто, Канада, кои се одржуваат секоја година.

Деновите се организирани од Македонското театарско ќоше, организација која има за цел да ја промовира македонската култура на американскиот континент. Во претставата „Партија реми“ играат Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ Пановска, а режисер е Виолета Џолева.

Истата вечер, Драмски со претставата „Како да се ограби банка“ ќе учествува на 11. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој се одржува во Крива Паланка. Претставата ќе се изведе на големата сцена на Центарот за култура во 20 часот. „Како да се ограби банка“ е во режија на Иван Манасковски, а учествуваат: Лазе Манасковски, Марија Кондовска, Гоце Тодоровски, Симон Манасковски, Катерина Шехтанска-Лаковски, Калина Наумовска и Игор Георгиев.