Легендарниот американски кошаркар, Шекил О’Нил, уште еднаш се обиде да ги спореди поранешните со сегашните кошаркари.

Тој не смета дека денешните играчи се толерантни како што беа кошаркарите во негово време.

  • Карим Абдул Џабар ме критикуваше и јас го прифатив тоа. Се обидов да коригирам сè што ми рече дека е лошо. Ја подигнав играта на повисоко ниво. Денес не смеете да им кажувате ништо на играчите. Тие се меки како пудинг, истакна Шек во шоуто со Ден Патрик.