Денеска ќе се одржи граѓански буџетски форум „Моја заедница. Моја визија“

35

Во Градскиот парк во Скопје денеска од 11 до 13:30 часот ќе се одржи Граѓански буџетски форум „Моја заедница. Моја визија“.

Форумот е организиран од Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. во соработка со активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје, Драгана Велковска.

На форумот, кој ќе биде модериран од професорот по економија Бранимир Јовановиќ, ќе се дискутираат сет предлози „За зелен и хуман град“ како што се градска народна кујна за социјално ранливите категории на граѓани, ресурсен центар за самохрани родители и деца од еднородителски семејства, соодветна помош за културните работници, зголемување на процентот на квалитетна велоинфраструктура и мерки за поттикнување безбедни алтернативни форми на транспорт, вклучување на неформалните постапувачи со отпад во системот и поттикнување селекција на отпад во станбените згради,…..

Предлозите што ќе произлезат од форумот ќе бидат предадени до градоначалникот и Советот на Град Скопје за да бидат вклучени во предлог-буџетот за 2021 година за кој Советот на Град Скопје ќе треба да гласа на крајот на годинава.