Денеска протест во Горно Лисиче против сообраќајното лудило

258

Протест против сообраќајното лудило и дивеење во сообраќајот во Горно Лисиче најавија за денеска жители од овој дел на Скопје.

– Протестираме за брзото возење по улиците како и движењето на тешките товарни возила кое го става во опасност живот на граѓаните, а посебно на децата – велат тие.

Протестот ќе трае од 16 до 18 часот.

Жителите на Горно Лисиче и пред една недела простестираа бидејќи од општина Аеродром се оглушуваат на нивните поплаки и одбиваат да го спречат брзото возење по улиците, како и движењето на тешките товарни возила што, како што велат “ги става во опасност нивните животи, а особено на децата“.

Трврдат дека порано постоела соодветна сигнализација за ограничување на тежината, која некој ја извадил, но надлежните служби не ја замениле со нова.

Жителите рекоа дека месечно таму се случуваат и до 20 тешки сообраќајни несреќи, а дел од нив како што изјавија, се случиле буквално во нивните дворови.

(С.Бл.)