Денеска почнува есента

92

Денеска, петок е првиот есенски ден и сонцето ќе изгрее во 6.26 часот, а ќе зајде во 18.34 часот. Следните шест месеци овој дел од Земјата ќе биде изложен на помалку директна светлина од Сонцето, а температурите ќе се намалуваат. Во истиот момент на јужната хемисфера на Земјата ќе започне пролетта, а на северната каде сме и ние, сонцето ќе изгрее точно на исток и ќе зајде точно на запад.

Денот и ноќта ќе бидат еднакви и ќе траат по 12 часа, есенска рамноденица, кога центарот на Сончевиот диск достигнува нулта деклинација.

Есента ќе трае 89 дена, 20 часа и 44 минути, што е за шест минути повеќе од лани.

Според толкувањето на метеоролозите, летото заврши на 31 август, а есента ќе трае од 1 септември до крајот на декември 2022 година.