Денеска од петти обид ќе се избира претседател во Италија

21

Италијанскиот парламент денеска повторно од петти обид ќе проба да избере нов претседател на државата.

Премиерот Марио Драги сѐ уште е кандидат за претседател, но неговите изгледи се избледени оваа недела бидејќи многу пратеници не се подготвени да го поддржат стравувајќи дека каква било промена во владата може да предизвика предвремени избори, објави „Ројтерс“.

Матео Салвини, лидер на десничарската Лига, им рече на новинарите дека пред гласањето в петок, ќе им предложи на партиите на левиот центар неколку непартиски фигури што имаат углед и на домашно и на меѓународно ниво.

Убеден сум дека утре ќе биде победнички ден“, рече во четвртокот тој.

Поранешниот премиер Матео Ренци, кој ја предводи центристичката партија Италија Вива, исто така рече дека очекува во петок да биде избран претседателот.