Денеска конференција „Спортски туризам – клучни аспекти и можности за развој“

46

Конференција на тема „Спортски туризам – клучни аспекти и можности за развој“, ќе се одржи денеска во конакот Попова Шапка во организација на фондацијата „Претприемачки сервис за млади“.

Целта на конференцијата е да развие нови партнерства кои ќе влијаат врз креирањето и прилагодувањето на практиките и политиките во спортскиот туризам, со институциите одговорни за планирање и развој на нови идеи преку примена и реализација на нови бизнис модели.

Дополнително, целта е да се мотивира воспоставување на практика на „лабораторија на иновации“ во спортскиот туризам, да се разменат добри практики и промовираат активностите и резултатите од учењето пред разни чинители во земјата.

– Идејата е да се поттикнат идните претприемачи од спортски туризам да се промовираат програмите за доживотно учење на наставници, обучувачи и спортски тренери, преку унапредување на нивните претприемачки вештини за развивање на иновативни бизнис модели за одржлив спортски туризам. Конференцијата се фокусира на чинителите од спортскиот туризам – спортски професионалци, спортски менаџери, спортски волонтери, туристички оператори и професионалци, тренери, наставници, локални национални чинители, спортски клубови и федерации, најавуваат организаторите.