Денеска е „тажен понеделник“ или најдепресивниот ден во годината

204

Почеток на уште една работна недела. Празничната еуфорија спласнува. Ги добиваме првите овогодишни сметки, а во минус сме поради празничните трошоци. Веќе гледаме дека новогодишните ветувања кон себе се тешко остварливи. Температурата е во минус… Сѐ ова заедно, според стручните лица, го прави денешниот ден најдепресивен во годината.

Токму овој ден, познат и како Blue Monday, почнуваат да се чувствуваат последиците од долгата зима.

Тоа, по правило, е третиот понеделник во јануари. Формулата со која е дојдено до тој заклучок во 2005 година ја претстави психологот Клиф Арнел, и таа гласи: [W + (D – d)] x TQ / M x NA. Притоa, W = временските прилики, D = долгот, d = платата, T = времето кое минало од Божиќ, Q = времето минато од пропаднатите обиди да направиме нешто за себе, M = нивото на мотивација и NA = потребата да тргнеме во акција.

Оваа година имаме пандемија на корона вирус што дополнително го зголемува притисокот, но исто така нè спречува да го направиме она што е клучно за нашата психа – да се дружиме повеќе во живо со луѓе кои нè сакаат. Бидејќи, социјалната дистанца мора да се почитува.