Денеска е отворен скопскиот Аква парк

161

Од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ информираат дека денеска е отворен скопскиот Аква Парк кој ќе работи секој ден од 10 до 18 часот.

Оттаму велат дека и оваа летна сезона Аква Паркот ќе биде место за вистинско разладување, уживање во водени лудории и многу забава!

Аква паркот и годинава нуди интересни содржини за сите возрасти: десет атрактивни тобогани, базен со бранови, бумеранг, детски базен, како и новото детско катче за забава во песок.