Светскиот тениски рекет број еден Србинот, Новак Ѓоковиќ со освојувањето на Ролан Гарос, стигна до 19. грен слем титула во кариерата и им се доближи на шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роже Федерер, кој досега имаат освоено по 20. рекордни титули на големите турнири.
Овој факт го вознемири Швајцарецот, кој по повлекувањето од Ролан Гарос, неделава одлучи да настапи на турнирот во Хале, каде ги почна подготовките за сезоната на трева, поточно за настапот на Вимблдон. Швајцарецот даде чудна изјава од која се гледа дека се рабоди за фрустрација.
-Се чини дека денеска во тенисот најважно е прашањето за бројот на грен слем титулите. Тоа воопшто не ми се допаѓа. Некогаш само сакав да го урнам рекордот на Пит Сампрас. Скогаш кажував дека секоја грен слем титула после тоа е како бонус за мене, изјави Федерер.
Но, Швајцарецот успеа да најде и неколку убави зборови за Новак Ѓоковиќ, по осовјувањето на турнирот во Париз.
-Начинот на кој успеа да се врати против Циципас, беше неверојатен. Имаше неверојатни потези и во полуфиналето против Надал, заклучи швајцарскиот тенисер.