Дендиас по работниот појадок во Брисел: Верувам дека во одредена мерка, нешто постигнавме денеска

62

Дендиас, по неформалниот состанок оцени дека работниот појадок поминал успешно, изрази верување дека во одреден степен нешто се постигнало и истакна дека на грчката иницијатива позитивно одговориле над 20 европски министри за надворешни работи, јави дописничката на МИА од Атина.

-Корисна прва можност, по Европскиот совет во октомври, да размениме мислења за тоа како можеме да одиме напред во следниот период. Беше доставено барање за подобрување на методологијата за проширувањето и за потребата да се задржи во фокусот европската перспектива на Северна Македонија и на Албанија, но и на останатите земји од регионот, секако секогаш во рамките на усогласеноста со европското законодавство. Верувам дека во одредена мерка, нешто постигнавме денеска. Плодна и суштинска дискусија и еден чекор напред. Ќе продолжиме да работиме за да постои позитивна разврска, евентуално следниот март, кон посакуваната насока, рече Дендиас.