Претседателот на Денвер, Том Конели, верува дека неговиот тим може да го освои шампионскиот прстен оваа сезона во НБА-лигата.

Најсилното клупско кошаркарско натпреварување ќе продолжи по пандемијата на коронавирусот, а се шпекулира за 31 јули како како можен датум кога играчите ќе се вратат на терените.

  • Нашите момци се подготвени да направат големи работи во плејофот. Навистина мислиме дека можеме оваа година да ја освоиме титулата, истакна Конели.

Во моментот кога беше прекината сезоната, Денвер беше трет на Западот со 43 победи и 22 порази. Минатата сезона Нагетс испадна во конференциското полуфинале од Портланд.