Демократскиот сојуз на Косово очекува пред понеделник да се формира новата влада

43

Шефот на пратеничката група на Демократскит сојуз на Косово (ЛДК) Арбен Гаши изјави дека одлуката на Уставниот суд со која се прогласи за уставен указот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување на мандатот за премиер на кандидатот на ЛДК Авдулах Хоти, е исправна и очекувана, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешната изјава за телевизијата Клан Косова, Гаши рече дека мошне бргу ќе биде побарано закажување седница на Собранието за гласање за владата што ќе ја предложи Хоти и изрази уверување дека таа процедура ќе биде завршена пред наредниот понеделник.

– Одлуката е донесена доцна ноќеска и ние се уште не сме се консултирале во партијата, но верувам дека утре наутро ќе го наравиме тоа. Процедурата е многу едноставна, треба само едно писмо да се испрати до претседателката на Собранието (Вјоса Османи) од моја страна како шеф на пратеничката група, каде што ќе го одредиме денот и часот кога ќе се одржи седницата. Другите работи се веќе завршени, изјави синоќа Гаши.