Демирал се сели во Манчестер

121

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, е последниот клуб кој покажа интерес за турскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Мерих Демирал.

Централниот дефанзивец не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и поради таа причина сака да ја промени клупската средина веќе во јануари. Според челниците на „старата дама“, Демирал вреди околу 40 мил. евра, а интерес за неговите услуги има и од редовите на Милан.