Демерџиев: Не сме дојдени да правиме провокации

40

Бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, заедно со бугарската делегација присуствуваше на чествувањето на Гоце Делчев и положи цвеќе на неговиот гроб.

Тој во изјава за медиумите рече дека бугарските жители не се дојдени во Скопје да прават провокации.

-Не сме дојдени да правиме провокации. Ние нема со кој да се разделиме. Соседи сме и треба да имаме добри односи и нашите народи треба да се зближени. Јасно е дека Северна Македонија е самостојна држава и немам намера да одговарам на провокации дека Македонија била бугарска – рече Демерџиев.