Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на францускиот гигант Олимпик од Лион, Муса Дембеле. Поранешниот напаѓач на Селтик е дефиниран како идеална замена за Антони Марсијал и затоа „црвените ѓаволи“ подготвуваат официјална понуда не помала од 25 мил. фунти.