Дембеле желба на „дамата“

47

Раководните лица на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, со посебно внимание ја следат ситуацијата околу францускиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Осман Дембеле. Проблематичниот играч за врска има договор со Барса до крајот на актуелната сезона и доколку во следните неколку недели не биде продолжена соработката, каталонскиот гигант ќе биде принуден да го продаде за време на зимскиот преоден рок.