Француските медиуми открија дека во новиот договор кој крилниот напаѓач, Осман Дембеле, го потпиша со челниците на каталонскиот гигант Барселона има и ослободителна клаузула. Пред почетокот на новата сезона во Ла Лига, репрезентативецот на Франција ја прифати понудата на Барса и потпиша нов двегодишен договор, но Дембеле ќе може да си замине од „Ноу Камп“ доколку официјалната понуда не биде помала од 50 мил. евра.