Дембеле главен во нападот

49

Лондонскиот премиерлигаш Вест Хем е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на искусниот напаѓач од редовите на францускиот прволигаш Олимпик од Лион, Муса Дембеле. Поранешниот фудбалер на шкотскиот гигант Селтик сигурно ќе ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок но официјалната понуда за неговите услуги не смее да биде помала од 30 мил. евра. Францускиот интернационалец важеше за голема желба и на челниците на Манчестер Јунајтед.