Дембеле во тешки проблеми

108

Крилниот напаѓач на Барселона, Осман  Дембеле, можно е  да биде казнет заради одбивање на медицинскиот преглед по повредата  на натпревар со Атлетик (0:1).

Доколку се потврди дека тој намерно ја криел повредата, тогаш, според правилата на Лигата и Здружението на шпански фудбалери, тој може да добие забрана за играње од 11 до 30 натпревари, а во тој период Дембеле нема да добие плата, односно ќе загуби од 360 илјади до 1 милион евра.

Клубот е се повеќе незадоволен од непрофесионализмот на 22-годишниот Французин.