epa07076926 Juan Martin Del Potro of Argentina in action during the men's singles final match against Nikoloz Basilashvili of Georgia at the China Open tennis tournament in Beijing, China, 07 October 2018. EPA-EFE/WU HONG

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро (34) би можел да се врати во тенисот.

“Го сакам тенисот. Никогаш нема да биде проблем да земам рекет и да видам како се чувствувам. Од друга страна, физичките проблеми, имено со коленото, се нешто на што работам секој ден. Ќе си дадам шанса до САД Опен. Тоа е посебен турнир за мене. Ќе се вратам на тренинзите, ќе видам како ќе реагира моето колено и ќе размислам дали можам да го направам тоа или не“, рече Дел Потро во интервју за новинарот Дени Мише.

Последниот меч во кариерата Аргентинецот го одигра во февруари 2022 година, кога на турнирот во Буенос Аирес по пауза од две и пол години по 83 минути игра загуби од сонародникот Федерико Делбонис со 6:1, 6:3. Дел Потро во кариерата има освоено 22 турнири, вклучувајќи го и САД Опен во 2009 година, поради што тој особено го сака овој грен слем.

Неговиот најдобар пласман на АТП рангирањето беше третото место во 2018 година. Тој исто така освои два олимписки медали – бронза во 2012 година и сребро во 2016 година – и гореспоменатиот Дејвис куп. Во својата кариера од турнирот заработи речиси 26 милиони долари. САД Опен започнува на крајот на август.