Дел од Чаир и четири скопски села денеска без струја

94

Корисниците од улицата „Серава“, како и дел од корисниците од улиците „Џон Кенеди“, „Кемал Сејфула“ и „Кемал Ататурк“ во Општина Чаир утре од 8:10 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Долно Соње, Говрлево, Чифлик и Света Петка.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електросистемот на Град Скопје од страна на екипи на „ЕВН Македонија“.