Дел од центарот на Скопје утре без вода

56

Поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Мирче Ацев“ бб  пред хотелот „Холидеј Ин“ во населба Центар, утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делот на улицата на потегот од ГТЦ до булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Мирче Мацан“.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.