Дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ под капата на Град Скопје и општина Центар

164

Град Скопје и општина Центар заеднички ќе соработуваат во проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на дел од улицата „11 Октомври“, на потегот од Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до Порта Македонија,  и улицата „Димитрије Чуповски“ , на потегот од Порта Македонија до ТЦ „Палома Бјанка“.

Финансиските средства за проектирање, изградба и одржување се обезбедуваат од Буџетот на Град Скопје.

За реализација на оваа одлука градоначалниците на Град Скопје и на општина Центар треба да склучат договори со кои ќе се воспостави меѓуопштинска соработка, во форма и содржина пропишана со Законот за меѓуопштинска соработка. Одлуката за оваа заедничка соработка треба да се најде на дневен ред на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Наведените станбени сервисни улици не се дел од примарната сообраќајна мрежа утврдена со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022 година, а сепак претставуваат сообраќајници што се во особена важност за градот Скопје. Дел од улицата „11 Октомври“ во должина од 190 метри и дел од улицата „Димитрие Чуповски“ во должина од 370 метри), поминуваат низ центарот на градот, и се дел од ДУП Мал Ринг.

 (А.П.)