Дел од Сопиште и Долно Лисиче денеска без вода

44

Дел од жителите на Сопиште денеска од 11:30 часот имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, корисниците се без вода поради изведување водоводен приклучок на улиците: „22“ и „32“, во Сопиште.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на активностите на терен.

Прекин на водоснабдувањето денеска од 10:00 часот ќе имаат корисниците од Долно Лисиче.

Јавното претпријатое „Водовод и канализација“ информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради  дефект на улица „2/30“, во Долно Лисиче.