Дел од Општина Карпош утре без вода

62

Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Ташкенска“, „Мексичка“, „Варшавска“ и „Хелсинки“ во Општина Карпош.

Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради дефект на улицата „Варшавска“ број 8.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.